ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДСМ и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија
- СООПШТЕНИЕ - Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба.

Скопје, 27 март 2025
Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба.
Исто така нелогично е што СДС и ДУИ сега се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв до последен кадри на СДСМ и ДУИ.
Воедно како СДС и ДУИ немаше желба за анкетна комисија за модуларната болница, за несреќата во Ласкарци, за Беса транс и Дурмо Турс, за тендерите на Стабри и профитерството на Венко Филипче.
Ние сме да има истрага за сето ова, наместо од несреќата да пробуваат да печалат политички поени.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
____________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото: МИА архива