• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Седница на Советот за превенција на општина Струга 

Седница на Советот за превенција на општина Струга 

Струга, 27 март 2025 (МИА) - Преземање координирани активности на општинските и државните инспектори и вршење вонредни инспекциски надзори во угостителските објекти, градинките, училиштата, зградите за колективно домување, забавните паркови, било договорено на состанокот на Советот за превенција на општина Струга.

На состанокот, како што соопшти Општината, присуствувале, градоначалникот Рамис Мерко, претседателката на Советот на Општина Струга Арбереша Влаши, началникот на ОВР Струга, Марјан Шулмуликоски, командирот на ПС Струга, Абдулќерим Камбери, командирот на ТППЕ Струга, Фети Мазари, претставници на Здравствент дом - Струга, општинскиот инспекторат, советници... 

- Донесовме одлука да се формира оперативно тело од преставници од сите инспекторати, државни и локални, кои ќе ги контролираат сите угостителски објекти, спортски сали, луна паркови, нивните технички услови, со цел да не ни се повтори трагедијата во Кочани, истакна Влаши.

Градинките, основните и средните училишта, се задолжени веднаш да ги проверат хидрантите системи и апаратите за гасење пожар и доколку има недостатоци да преземаат мерки за отстранување. Контрола на хидрантите треба да направат и куќните совети во зградите колективното домување.

На иницијатива на претставниците од Здравствен дом, се разговарало за овозможување услови за движење на возилата на брзата помош во летниот период, кога фрекфенцијата на возила во градот е поголема, а потесните улички блокирани.

- Советот за превенција на ова седница исто така констатира дека постојат технички и материјални услови, но и човечки ресурси, кои ќе се ангажираат за што поскоро надминување или отстранување на недостатоците, во интерес на заштита на животот, здравјето и безбедноста на секој граѓанин на општина Струга, стои во соопштението.

Апелираат до граѓаните да бидат внимателни и веднаш да ги известат надлежните органи при евентуална појава на потенцијални ризици. сс/сст/

Фото Општина Струга

Остани поврзан