Петнаесет комплети медали ќе бидат доделени на петтиот ден на Олимпијадата во Париз
- Во 10 спортови ќе бидат доделени 15 комплети медали денес на Олимписките игри во Париз.

Париз, 31 јули 2024 (МИА) – Во 10 спортови ќе бидат доделени 15 комплети медали денес на Олимписките игри во Париз.
Пред почетокот на натпреварувањата во петтиот дене на Игрите, лидер е Јапонија со седум златни медали. Кина и Австралија имаат по шест, Франција и Кореја собраа по пет злата. Следуваат САД и Велика Британија со по четири најсјајни одличја, три има италија, по две Канада, Хонгконг и Германија. По едно злато досега освоија: Казахстан, ЈАР, Белгија, Ирска, Азербејџан, Нов Зеланд, Романија, Србија, Словенија и Узбекистан.
Вкупно 43 држави имаат освоено барем по еден медал. зс/
Фото: ЕПА