• среда, 27 ноември 2024

Петмина коњаници од струмичко Радово ќе бидат дел од маршот во чест на Илинден

Петмина коњаници од струмичко Радово ќе бидат дел од маршот во чест на Илинден
Струмица, 26 јули 2022 (МИА) - Петмина коњаници од струмичкото село Радово тргнаа кон Крушево и ќе бидат дел од традиционалниот коњички марш што се организира во чест на Илинден. Тие ќе патуваат неколку денови и ќе се спојат со Бигорската коњаница и оттаму ќе се упатат кон Мечкин Камен. Најмладиот јавач има осум години, а групата ја предводи Виктор Сирачев. -Се подготвувавме три месеци и конечно тргнавме. Лани бев сам, но годинава имам поддршка и прв пат тргнуваме организирано. Нашиот мотив е да им оддадеме почит на сите загинати илинденци кои својот живот го дале за Македонија, изјави Сирачев. На патот кон Крушево коњаниците застанаа во Општина Босилово, каде беа пречекани од градоначалникот Ристо Манчев, кој им подари македонско знаме и знаме на општината. Петмината коњаници застанаа и во Струмица. Таму се поклонија и положија цвеќе пред спомениците на Гоце Делчев и Борис Трајковски. рт/мд/

Остани поврзан