• сабота, 23 ноември 2024

Перез ќе го задржи своето место во Ред Бул до крајот на сезоната

Перез ќе го задржи своето место во Ред Бул до крајот на сезоната

Лондон, 30 јули 2024 (МИА) - Возачот на Формула 1, Серхио Перез, нема да го напушти тимот на Ред Бул до крајот на сезоната.

Според „The New York Times“ во тимот се разговарало за промени во составот на пилотите. Како резултат на нивните преговори, одлучено е Перез да се задржи барем до крајот на тековната сезона.

Претходно шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер ги демантираше информациите за смена на Перез. 

Се појавија информации дека возачот на РБ, Даниел Рикиардо и резервниот возач на Ред Бул, Лиам Лосон ќе спроведат тестови кои ќе бидат клучни за одредување на составот на тимот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан