• петок, 20 јуни 2025

Пепиќ го замени Самарџиев на чело на Работнички

Пепиќ го замени Самарџиев на чело на Работнички

Скопје, 16 мај 2025 (МИА) - По вториот пораз од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот од кошаркарското првенство во Македонија, тренерот на Работнички, Горан Самарџиев си поднесе оставка, кое раководството на тимот од Градски парк одлучи да ја прифати.

Нермин Пепиќ, актуелниот тренер на јуниорската селекција на овој клуб, ќе го преземе кормилото во обид да ја спаси сезоната на „центарци“. Според информациите, Пепиќ веќе ја презел сениорската екипа и го водел тренингот на тимот. 

Дебито на клупата на Работнички како прв тренер, Пепиќ ќе го има во недела од 20:30 часот, кога Работнички го пречекува ТФТ и мора да забележи победа. При пораз, ќе игра за третото место со поразениот од серијата меѓу МЗТ Скопје и МКК Куманово. дс

Фото: ЛинкдИН

Остани поврзан