• вторник, 11 ноември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Сабаленка се пласира во четвртфиналето на турнирот во Синсинати

Сабаленка се пласира во четвртфиналето на турнирот во Синсинати

Синсинати, 14 август 2025 (МИА) - Белоруската тенисерка Арина Сабаленка синоќа ја победи Шпанката Џесика Бусас Манеиро во натпреварот од четвртото коло на турнирот во Синсинати — 6:1, 7:5.

Првиот светски рекет го доби мечот за 1 час и 21 минута. 

Дваесет и седумгодишната Белорусинка сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше пет од седум брејк топки. Нејзината противничка имаше два аса, четири двојни грешки и две реализирани брејк топки од седум шанси.

Во четвртфиналето, Сабаленка ќе игра против Елена Рибакина од Казахстан. 

Наградниот фонд на турнирот во Синсинати, САД изнесува 5,2 милиони долари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан