• четврток, 18 септември 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Синер преку Манарино до четврт финале на турнирот во Синсинати

Синер преку Манарино до четврт финале на турнирот во Синсинати

Синсинати, 14 август 2025 (МИА) – Првиот светски рекет, Јаник Синер синоќа го победи Французинот Адриан Манарино во четвртото коло од турнирот во Синсинати.

Мечот траеше 1 час и 51 минута и заврши со резултат 2-0, по сетови 6:4 и 7:6 (7:4). 

Противникот на Италијанецот ќе биде Феликс Оже-Алиасиме (Канада) кој го совлада Бенџамин Бонци (Франција) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:3.

Во презакажаниот натпревар од третото коло, Американецот Бен Шелтон го победи Шпанецот Роберто Баутиста Агут — 7:6 (7:3), 6:3. Неговиот следен противник ќе биде Чехот Јиржи Легецка.

Четвртфиналисти во Синсинати станаа и Александер Зверев (Германија), Карлос Алкараз, Андреј Рубљов (Русија), Холгер Руне (Данска) и Теренс Атман (Франција). зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан