• четврток, 25 јули 2024

Пелистер со победа ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Пелистер со победа ги заврши настапите во АБА 2 лигата
Широки Брег, 26 март 2022 (МИА) – Кошаркарите на Пелистер попладнево во Широки Брег го совладаа тимот на Спарс од Сараево со 97:90 во последниот свој настап во регионалната кошаркарска АБА 2 лига. Битолчани беа поуспешни во сите четири периоди (29:27, 25:24, 23:20 и 20:19) и заслужено стигнаа до четвртата победа во второто по квалитет регионално натпреварување. Игор Кесар со 24 и Никола Малешевиќ со 23 поени беа најефикасни во победничкиот состав. Пелистер и покрај победата не успеа да се пласира на завршниот турнир, на којшто ќе игра вториот македонски претставник и во моментов лидер во лигата, МЗТ Скопје Аеродром. зс/

Остани поврзан