• сабота, 23 ноември 2024

Официјално: Баерн - Севиља ќе се игра пред навивачи

Официјално: Баерн - Севиља ќе се игра пред навивачи
Будимпешта, 8 септември 2020 (МИА) - Натпреварот од Суперкупот на Европа помеѓу Баерн (Минхен) и Севиља ќе се игра пред навивачи во Будимпешта, како што беше планирано, а странските посетители ќе бидат примени само по негативен тест за КОВИД-19, објави УЕФА. Европскиот штаб со официјално соопштение потврди дека билетите се пуштени во продажба, а натпреварот на 24 септември ќе послужи како „прв обид и пример за враќање на навивачите на стадионите“. Досега сите натпревари под покровителство на УЕФА се играа без гледачи, но некои земји, им ги отворија вратите на луѓето. Според УЕФА, „Пушкаш арената“ ќе биде исполнета до 30% од нејзиниот капацитет од 67.215 илјади, а финалистите ќе добијат по 3.000 билети. За да влезат во Унгарија, гостинските навивачи ќе мора да покажат негативен тест за коронавирус, направен во последните три дена, додаде УЕФА. Тие исто така можат да останат во земјата најмногу 72 часа. „Ќе бидат воспоставени строги хигиенски мерки и очекуваме навивачите да ги следат. И на стадионот“, се вели во соопштението на УЕФА. Ако еден навивач купи билет, но даде позитивен тест за коронавирус во рок од три дена пред натпреварот, тој ќе добие поврат.

Тагови

Остани поврзан