• понеделник, 23 декември 2024

Официјална Тирана го поздрави членството на Шведска во НАТО

Официјална Тирана го поздрави членството на Шведска во НАТО

Тирана, 27 февруари 2024 (МИА) - Албанскиот претседател Бајрам Бегај и го честиташе членството на Шведска во НАТО порачувајќи дека "Алијансата  сега е посилна и пообединета".

„Добре дојде, Шведска, како 32-ра земја членка на НАТО. Нашиот сојуз сега е уште посилен и пообединет, зајакнувајќи ја безбедноста и вредноста“, пишува Бегај во  објава на платформата „Х".

Приемот  го честиташе и министерот за Европа и надворешни работи Игли Хасани, кој смета дека  членството на Шведска ќе ја зајакне безбедноста на регионот и на целата Алијанса.

„Албанија го поздравува приемот на Шведска во НАТО, по завршувањето на процесите на ратификација во сите сојузнички земји. Членството на Шведска ќе ја зајакне безбедноста на нашиот регион и на целата Алијанса“, напиша министерот Хасани на платформата "Х“. вт/сд/

Остани поврзан