• сабота, 23 ноември 2024

Отворена сензорна соба за поинклузивен образовен процес во училиштето „Св.Климент Охридски“ во Делчево

Отворена сензорна соба за поинклузивен образовен процес во училиштето „Св.Климент Охридски“ во Делчево
Делчево, 22 август 2022 (МИА) - Делчевската деветолетка „Св. Климент Охридски“ доби нова сензорна соба наменета за учениците од посебните паралелки опремена со различни реквизити кои нудат стимулација на сите сетила и подобрување на сензорната дисфункција кај децата.
Како што истакна градоначалникот Горан Трајковски кој заедно со останатите донатори присуствуваше на отворањето на собата, Делчево е школски пример, како со општествено одговорни граѓани и нивните донации може да се влијае во отстранувањето на препреките и создавањето услови за инклузивност на учениците со попреченост.
Претставничката на деветолетката Снежана Ордева додаде дека училиштето години наназад работи во полето на инклузијата и вклучувањето на деца со потешкотии во воспитно-образовниот процес.
-Отворањето на сензорната соба, како значајна алатка за инклузивно образование и подобрување на сензорните способности кај децата со попреченост. Покрај градоначалникот Горан Трајковски активноста ја помогнаа и Виктор Коларски, наш сограѓанин кој живее и работи во Америка, Иван Гоцевски – советник во Советот на Општина Делчево, Јулија Маринкова, сограѓанка која живее и работи во Англија, како и Коста Цинцовски, Дарко Цинцовски, Даниела Анѓеловска и Весна Иванова кои се дел од наставниот кадар во училиштето, рече Ордева.
Собата е опремена со различни реквизити кои нудат стимулација на сите сетила и подобрување на сензорната дисфункција кај децата од ООУ „Св.Климент Охридски", каде покрај редовните паралелки има и посебни паралелки во кои учат деца со пречки во развојот. Со процесот на инклузивно образовани овие паралелки од минатата година се трансформираа во Центар за поддршка во кој од минатата година работат образовни асистенти. вс/дма/

Остани поврзан