• вторник, 24 декември 2024

Основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга одбележува јубилеј 60 години постоење

Основното училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга одбележува јубилеј 60 години постоење

Струга, 23 мај 2024 (МИА) - Под мотото „Во иднината вложуваме, иднината ја градиме, иднината се нашите деца“, основното општинско училиште „Јосип Броз Тито“ во Струга денеска одбележува 60 години постоење.

Свечениот дел, ќе биде вечерва во центарот за култура „Браќа Миладиновци“, со настапи на учениците од прво до деветто одделение, а публиката на сцена ќе ги види и 80-тината првачиња, кои од септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи во ова училиште.

- Во рамките на програмата, ќе настапат и студиото за танц БАХ и културно уметничкото друштво „Илинден“ каде членуваат и наши ученици. Денешниот ден е ден на нашето училиште и среќни сме што славиме толку голем јубилеј. На овој настан ќе зборувам за основањето и успесите на училиштето низ годините, а посебно сум среќна што на сцена ќе излезат и идните првачиња, вели директорката Дејана Чакар.

На свеченоста ќе бидат доделени и благодарници на учениците, кои освоиле награди на државни натпревари оваа учебна година.

ООУ „Јосип Броз Тито“ е формирано во учебната 1964/65 година со решение на Собранието на Општина Струга, како основно осумгодишно училиште со подрачни училишта во Мислешево и Враништа. Од учебната 1984/1985 година училиштето преминува во работна организација, а од учебната 1998/99 година повторно е формирано како основно училиште. сс/вг/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан