• петок, 27 декември 2024

Орце Ѓорѓиевски: Создадовме 80.000 квадрати паркови

Орце Ѓорѓиевски: Создадовме 80.000 квадрати паркови

13 ноември 2024

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на емисијата За или Против на ТВ Алфа, истакна дека загадувањето на воздухот е децениски проблем и ја поздрави заложбата на Владата предводена од Христијан Мицкоски за системско решавање на овој проблем.

Премиерот Мицкоски има реална заложба и конкретен план за намалување на загадувањето. Никогаш тој ниту јас или било кој друг од ВМРО-ДПМНЕ не ветиле решавање на проблемот преку ноќ. За оваа проблематика потребен е пристап од Владата, општините, Градот Скопје, сите инспекциски служби, како и од сите граѓани и академската фела. Потребно е дејствување од сите субјекти и во таа насока ние во општина Кисела Вода за 3 години имаме засадено илјадници дрва и создадено околу 80.000 метри квадратни парковски содржини, изјави Ѓорѓиевски, истакнувајќи дека се преземени и серија на други мерки како набавка на прочистувачи во сите училници, набавка на мерни станици, како и 5 прочистувачи на отворено.

Градоначалникот Ѓорѓиевски додаде дека се небулозни  обвинувањата од опозициската СДСМ  за загадувањето поради тоа што во изминатите 7 години кога имаа апсолутна власт не преземаа ниту еден чекор за решавање на оваа проблематика, нагласувајќи дека сега повторно  се служат со манупулации на оваа сензитивна тема за сите Скопјани и воопшто за сите граѓани на Македонија.

Орце Ѓорѓиевски: По 5 децении улицата ,,Ѓ.Димитров" целосно ќе се реконструира 

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на емисијата За или Против на ТВ Алфа изјави дека од владината помош преку унгарскиот кредит бенефит ќе имаат сите општини и граѓани, при што ќе се решат децениски проблеми од инфраструктурен карактер.

-Распределбата е правична без дискриминација или поделба на општините. Конкретно во Кисела Вода во наредниов период ќе го доградиме ОУ Кирил Пејчиновиќ за да работи во една смена и да штедиме електрична енергија, ќе го уредиме коритото на Мала Рада со што ќе штедиме за чистење, ќе го реконструираме патот од Драчево до Манастир Пеленица во должина од 2,3 километри, и прв пат по 50 години целосно ќе ја реконстрираме една од главните артерии во Кисела Вода - улицата Ѓорѓи Димитров, со уредување на паркинг местата на сите позиции на целиот потег каде има можност.

Ѓорѓиевски нагласи дека со оваа мерка буквално во сите општини ќе се надминуваат децениските проблеми како што е недостатокот на фекална и атмосферска канализација, водоводни мрежи, изградба на градинки и училишта, и рекострукција на многу километри патишта.

Ѓорѓиевски: Со гордост можам да кажам дека мојата ветената програма е 95% реализирана во целост, што не се случило досега во историјата

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на емисијата За или Против на ТВ Алфа изјави дека од владината помош преку унгарскиот кредит бенефит ќе имаат сите општини и граѓани, при што ќе се решат децениски проблеми од инфраструктурен карактер.

-Распределбата е правична без дискриминација или поделба на општините. Конкретно во Кисела Вода во наредниов период ќе го доградиме ОУ Кирил Пејчиновиќ за да работи во една смена и да штедиме електрична енергија, ќе го уредиме коритото на Мала Рада со што ќе штедиме за чистење, ќе го реконструираме патот од Драчево до Манастир Пеленица во должина од 2,3 километри, и прв пат по 50 години целосно ќе ја реконстрираме една од главните артерии во Кисела Вода - улицата Ѓорѓи Димитров, со уредување на паркинг местата на сите позиции на целиот потег каде има можност.

Ѓорѓиевски нагласи дека со оваа мерка буквално во сите општини ќе се надминуваат децениските проблеми како што е недостатокот на фекална и атмосферска канализација, водоводни мрежи, изградба на градинки и училишта, и рекострукција на многу километри патишта.

Општина Кисела Вода

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан