• вторник, 24 декември 2024

Општина Битола додели 1,5 милиони денари за спортистите и спортските клубови

Општина Битола додели 1,5 милиони денари за спортистите и спортските клубови
Битола, 6 август 2021 (МИА) - Општина Битола додели 1,5 милиони денари за поттикнување и унапредување на спортот, популаризирање на масовниот спорт и опфат на што повеќе млади луѓе во населените места. Средствата од општинскиот буџет се од програмата за развој на спортот, а со цел постигнување резултати на натпревари од највисок ранг на домашни и странски првенства и се доделени на спортските клубови, здруженија и спортисти од општината. - Градоначалничката Наташа Петровска изврши исплата на одобрените средства на апликантите кои со свои предлог програми и извештаи од реализирани активности аплицираа на јавниот повик од страна на Општина Битола за доделување финансиски средства од буџетот на општината на спортски клубови, спортски здруженија и спортисти за 2021 година. Комисијата за млади, спорт и рекреација при Советот на општина Битола, изборот го изврши согласно критериуми во објавениот јавен повик. На овој начин, Општина Битола, меѓудругото се грижи и за унапредување на стручната работа и усовршување на стручните кадри во спортот, како и унапредување на младите категории спортисти, соопштија од секторот за односи со јавност на тамошната локална самоуправа. Професионалните спортски клубови годинава финансиски се поддржани со 26,6 милиони денари, реализирани се повеќе инвестициите во подобрувањето на спортската инфраструктура на градскиот стадион под Тумбе Кафе, реконструкција на кугланата, новата кровна конструкција и дограма на спортската сала, нови спортски терени во ОУ „Тодор Ангелевски“, ОУ „Кирил и Методиј“, спортската сала во ОУ „Трифун Пановски“, спортски игралишта во Буковски ливади и други проекти од областа на спортот. мт/цр

Тагови

Остани поврзан