• среда, 21 август 2024

Опожарено „БМВ“ во липковско Лојане

Опожарено „БМВ“ во липковско Лојане

Куманово, 20 август 2024 (МИА) - Паркирано „БМВ“ било опожарено вчера во липковското село Лојане, соопшти денеска полицијата.

- Вчера во 07:34 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Лојане, липковско, настанал пожар во паркирано патничко моторно возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(21) од село Лојане. Пожарот бил изгаснат, нема повредени лица, соопшти полицијата.

Екипа од СВР Куманово извршила увид. На подрачјето на СВР Куманово од почетокот на  годинава досега биле пријавени 14 случаи на опожарени патнички моторни возила, од кои единаесет се расчистени. Во 2023 година биле пријавени 30 случаи на опожарени патнички моторни возила од кои биле расчистени 16 случаи. ам/са/

Фото: МИА

Остани поврзан