• петок, 08 ноември 2024

ОН: Одлуката на Израел да го прогласи Гутереш за „персона нон грата“ е уште еден напад на Тел Авив врз персоналот на ОН

ОН: Одлуката на Израел да го прогласи Гутереш за „персона нон грата“ е уште еден напад на Тел Авив врз персоналот на ОН

Њујорк, 3 октомври 2024 (МИА) - Обединетите нации во врска со одлуката на Израел да го прогласи генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш за „персона нон грата“, соопштија дека тоа е „уште еден напад на Тел Авив врз персоналот на ОН“.

Портпаролот на ОН, Стефан Дужарик ја поздрави поддршката на членовите на Советот за безбедност на ОН за Гутереш на седницата за Блискиот Исток и ја коментираше одлуката на Израел.

- Ја видовме оваа објава со која Израел го прогласи генералниот секретар на ОН за непожелна личност, а таа објава ја гледаме како политичка изјава на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, рече Дужарик.

Посочувајќи дека тоа е „само уште еден напад врз персоналот на ОН што го виделе од Владата на Израел“, Дујарик вети продолжување на соработката меѓу ОН и Израел „на оперативно ниво и на други нивоа“.

Тој потоа рече дека ОН „не признаваат дека концептот на персона нон грата се однесува на нивниот персонал“.

„Оваа објава ја гледаме како политичка изјава, повеќе од правна“, нагласи Дужарик, истакнувајќи дека Гутереш патува во земја само на покана на релевантно лице.

Дужарик понатаму изјавил дека во својата 24-годишна кариера никогаш не наишол на ваква изјава.

„Имаше моменти кога имаше исклучително тензични ситуации меѓу генералниот секретар и различни земји-членки, но јас не се сеќавам на ваква реторика“, додаде тој.

Претходно, Израел објави дека го прогласил Гутереш за „персона нон грата“, забранувајќи му да влезе во земјата, откако тој повика на итна деескалација на Блискиот Исток. рп/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан