Оливеира најбрз на трката од Мото ГП за Големата награда на Индонезија
- Пилотот на КТМ, Мигел Оливеира, победи на денешната трка во Мото ГП возена во Индонезија.
Ломбок, 20 март 2022 (МИА) - Пилотот на КТМ, Мигел Оливеира, победи на денешната трка во Мото ГП возена во Индонезија.
Второто место му припадна на Фабио Квартаро од Јамаха, а трето на Жоан Зарко од Прамак-Дукати.
Полјакот Квартаро на стартот падна на петтото место, каде што помина значителен дел од трката, но потоа шампионот успеа да се пробие на второто место. Хорхе Мартин (Прамак) и Андреа Довициозо (РНФ) се откажаа, додека Марк Маркез (Хонда) ја пропушти трката поради падот на утринското загревање.
Резултати на првите петтопласирани:
- Мигел Оливеира (КТМ) - 20 круга
- Фабио Квартаро (Јамаха) +2,205 секунди
- Жоан Зарко (Прамак-Дукати) +3.158
- Џек Милер (Дукати) +5.663
- Алекс Ринс (Сузуки) +7.044.
- Енеа Бастианини - 30 бода
- Бред Бајндер - 28
- Фабио Квартаро - 27
- Мигел Оливеира - 25
- Жоан Зарко - 24. зс/