• четврток, 10 јули 2025

МотоГП: Јубилејна 100 полпозиција за Марк Маркез

МотоГП: Јубилејна 100 полпозиција за Марк Маркез

 

Муџело, 21 јуни 2025 (МИА) – Шпанецот Марк Маркез на Дукати го постигна најбрзото време на квалификациите во класата Мото ГП пред неделната трка за Големата награда на Италија на патеката Муџело.

Ова беше шеста полпозиција за Маркез оваа сезона, 72 во класата Мото ГП и 100 во неговата кариера.

„Многу сум среќен бидејќи тоа беше вистинска пол-позиција. Темпото не беше лошо, но морам да бидам трпелив бидејќи во попладневните часови со порастот на температурата сето тоа може да се промени“, рече 32-годишниот Шпанец.

Денеска на распоредот е и „спринт“, додека трката за ГН на Италија е закажана за утре со почеток во 14 часот.

По осум трки сезонава, Маркез води со 233 бодови пред својот брат Алекс (201) и Италијанецот Франческо Бањаја (140). ег

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан