• понеделник, 23 декември 2024

Од јануари до ноември 2023 година Грција ја посетиле речиси 32 милиони туристи

Од јануари до ноември 2023 година Грција ја посетиле речиси 32 милиони туристи

Атина, 22 јануари 2024 (МИА) –За 17,3 отсто се зголемил бројот на посетители во Грција во периодот јануари- ноември 2023 година, во споредба со една година претходно, а земјата ја посетиле речиси 31,97 милиони туристи, согласно податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Истиот период во 2022 година, бројот на туристи бил 27,25 милиони, а зголемениот број посетители носи и пораст од 15,4 отсто на приходите за земјата, кои достигнале до 20,1 милијарди евра.

Пристигнувањата во Грција преку аеродромите е зголемено за 12,5 отсто, а преку копнените гранични премини за 34,5 проценти.

Во конкретниот период, речиси 20 милиони биле туристи од Европската Унија, а останатите над 12 милиони од земјите вон ЕУ. ср/сд/

Остани поврзан