Одредени двојките за завршниците во македонскиот ракометен Куп
- Полуфиналните двојки од завршните турнири во машка и женска конкуренција во македонскиот ракометен Куп се извлечени попладнево со жрепка.
Скопје, 27 април 2021 (МИА) – Полуфиналните двојки од завршните турнири во машка и женска конкуренција во македонскиот ракометен Куп се извлечени попладнево со жрепка.
Актуелниот бранител на трофејот во машка конкуренција Металург за противник го доби актуелниот шампион Вардар, додека Еурофарм Пелистер за пласман во финалето ќе игра против екипата на Бутел.
Полуфиналните двојки во женска конкуренција се Вардар – Чаир и Куманово, бранителот на трофејот, против Металург.
Ракометната федерација на Македонија (РФМ) двата завршни турнири ќе ги организира во салата „Автокоманда“ во Скопје, од 14 до 16 мај.
Минатата година, македонскиот ракометен Куп беше одложен поради пандемијата на коронавирус.ег/свс/