Одбојкарите на Струмица го победија Капошвар во ЦЕВ Купот
- Екипата на Струмица вчеравечер го победи унгарски Капошвар од Унгарија со 3:0 во 1/16финалето од Купот на ЦЕВ.

Струмица, 9 октомври 2024 (МИА) - Екипата на Струмица вчеравечер го победи унгарски Капошвар од Унгарија со 3:0 во 1/16финалето од Купот на ЦЕВ.
На мечот одигран во „Парк“ во Струмица, домашните одбојкари првиот сет го добија со 25:19, во вториот беше најнеизвесно и заврши со резултат 25:23, додека третиот 25:19.
Репрезентативецот Никола Ѓорѓиев беше најефикасен со 17 освоени поени.
Реваншот ќе се игра по седум дена во Унгарија. зс/
Фото: ОК Струмица