Одбележани 81 година од Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ и 79 години од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“
- Делегација на Општина Велес денеска се поклони и положи букети цвеќе на Спомен костурницата од НОВ во Велес, вечното почивалиште на загинатите борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
Велес, 20 април 2023 (МИА) - Делегација на Општина Велес денеска се поклони и положи букети цвеќе на Спомен костурницата од НОВ во Велес, вечното почивалиште на загинатите борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.
Цвеќе беше положено и во чест на 79. годишнината од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“.
По сите извршени подготовки на 21 април 1942 година на планината Лисец на местото каде што е ставена спомен-плочата формиран е велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ од партиски работници кои повеќе не можеле да останат во градот поради опасноста да не бидат уапсени од бугарската полиија и од младинци кои не се вратиле на доотслужување во бугарската војска.
Борците на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“ кои успеаја да не бидат фатени од бугарската полиција и по разбивањето на одредот и во почетокот на 1943 година продолжија илегално да дејствуваат во понатамошниот тек на НОВ/
Тие македонски борци беа јадрото за формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петканоски“ и „Осмата македонска бригада“.стои запишано во книгата на историчарот Слободан Ников насловена „По патеките на слободата“.ад/фф/
Фото: Општина Велес