• сабота, 23 ноември 2024

Облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Скопје, 8 јуни 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 7. Во Скопје, ќе биде прoменливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и со поинтензивни процеси во форма на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 27 степени. Според најавите од УХМР, до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура ќе биде во опаѓање. И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме. Постепено стабилизирање на времето ќе има од сабота. вј/лв/

Остани поврзан