• среда, 27 ноември 2024

Обичаи и верувања

Обичаи и верувања
13 октомври 2020 Народна филозофија Македонски народни гатанки Слива: Ванка му јастието, фнетре му грнето. Смоква: Една торба п’на семе. Една торба многу вошки. П’лн амбар просо. П’лна уста гниди. Снег: Бел пес на герамиди. Бел коњ дрисна, сето поле стисна. Бел чаршав цела зима покрил. Шчо имаше еден покров се покрива, саде Вардар не покрива. Сито: Ти го биеш, ти го караш, тоа ти сипве да јадеш. Сноп: Илјада старци со долги бради, со еден појас врзани. Сон: Најслатко, најблаго на таљур не се клават. Шчо е преблаго ни на софра се ставуват, ни на пазар се купуват. Сонце: Од едно огниште цел свет се грејт. Заклучив, закатанчив внатре најдов арамија. Срп: Грбо прасе са ливада опаси. Срце: Што е најмеко на светов? Што е најтопло? (Срцето мајчино). Стап: Мотовило вило, зад гора си било зад врата се скрило. Стапалка: Чеша по чеша, дури до Цариград. (Стапалки од коњи). Стол: Ко ќе дојдеш ке нас, ќе ти го клајме зад тебе. Ти идиш кај нас, јас ти го клавам зад газ. Стомна: Си имам една сестрица, кој помини баци ја, јас поминвам си ја бацвам. Имам една невестичка, се во џеповите рацете си држи. Страчка: Ким везено, ким шарено, на ким дрво стоеше, киракимска песна пееше. Шар шарено, шар везено, шарапански зборуваше. Кусо Турче, д’лго туфече. Стрниште: Колку ѕвезди на небо, толку дупки на земја. Струг: Со меот јајт, со рбетот серит. Тапан: Рикна вол в темен дол, чуја лисиците напрчија опашките. (Тапан и жени на оро). Одрано магаре низ село рикат. Татко и ќерка: Некој поминал крај едно лозе и видел маж и жена каде работеле та ги поздравил и им рекол: Добро ви утро маж и жена. А жената одговорила: Ние не сме маж и жена. М’жу е мајка на моја мајка свекрва. Шчо биле тие помеѓу си? (Татко и ќерка) Тиква: Коза со еден рог. Јаже до јаже на крајот јунец. Толчлник: Кусо дебело на жените им потребало. Убетка: Тврдо црвено во женско месо проврено. Ум: Што е најбрзо на светов? Уста: Полна црква ѓачиња. (Уста со заби). П’лн ан коњи, на среде еден улаф, саде ги клоца. (Уста заби и јазик). Во една племна много атои, еден јарец не можат да го згазет. Ув една одаја си имам се бели коњи, само еден у дреди леже. Во една племна имат многу ѕверој и еден јарец; ѕверојте везден се к’сет ама јарецот не может ни да го к’снет ни да го изејет. Уши: На врв бука две ветрила Два бљуда на една стена закачени. Цвеќиња: По ливади свешти горат, с’нце греје не ги топи, ветер веје не ги гаси. Цицки: Една планина сета ја врнеше, четири дрвја не ги врнеше. (Цицките на крава) На сред бука две јаболка. (Цицки на жена). Црв: Викна Вида од Орида, бранете ме од кокошките, не бранете ме од пците. Црква: Во шарена камара црн бумбар брчит. (Црква и поп). Црепна: Еѓупка се чекореше, еѓуптин се топореше. (Црепна и сач). Чад: Таткото уште нероден, син му отишол во Стамбол. Д’лг Тодор без коски. Таткото уште нероден, синот порастен. Чеп: Бел пикни го, црвен извај го.(На винско буре). Чешел: Кусо мече дрен тресе. Чешма: Имам една невеста, кој помини баци ја. Чизми: Копам дупка до колена Чораб: Напрчам го, вдујам го. (Подготви Марко Китевски)

Остани поврзан