• вторник, 23 јули 2024

Нормализирано влегувањето во Грција преку Евзони и Дојрани откако утринава кратко паднал системот на грчка страна

Нормализирано влегувањето во Грција преку Евзони и Дојрани откако утринава кратко паднал системот на грчка страна

Гевгелија, 21 јули 2024 (МИА) - На граничниот премин Богородица без проблеми и со
вообичаена динамика за овој период од годината, се одвива протокот на патници. Истото
се однесува и за ГП Евзони на грчка страна, соопштија од МВР, откако утринава на кратко
паднал системот на двата гранични премини-Евзони и Дојрани и беа објавени информации
дека се создадени долги километри за влез и излез од Грција.

- Бевме известени од грчките колеги дека околу 8 часот утринава во период од 15-
тина минути бил во прекин системот на Граничниот премин Евзони, по што проблемот бил
надминат и протокот на патници до овој момент се одвива со вообичаената динамика,
информираат од МВР.

Dry roads are reported nationwide with increased traffic outside urban areas. Drivers can expect to wait to exit or enter the country at Tabanovce and Bogorodica border crossings.

Додаваат дека од македонска страна се преземаат сите мерки и во функција се
ставени сите човечки и технички капацитети за непречен проток на патници.

Инаку, и од камерата на ЈП за државни патишта може да се забележи дека нема
застој и излегувањето од државата тече нормално.рт/цр

Фото: МИА 

Остани поврзан