• сабота, 27 јули 2024

Нов Зеланд: Болнички инструмент со големина на чинија „по грешка“ заборавен во телото на родилка

Нов Зеланд: Болнички инструмент со големина на чинија „по грешка“ заборавен во телото на родилка

Оукленд, 4 септември 2023 (МИА) - Жена од Нов Зеланд имала стомачни болки 18 месеци по царски рез, сѐ додека скен не открил оперативен инструмент, „по грешка“ оставен во нејзиното тело. Предметот наречен „Алексис вовлекувач“ е со големина на чинија.

„Алексис“ бил оставен во стомакот на жената откако се породила во Градската болница во Оукленд во 2020 година. Комесарот за здравје и попреченост на Нов Зеланд, Мораг Мекдауел утврди дека болницата го прекршила Правилникот за правата на пациентите.

Д-р Мајк Шеферд, директор за операции на установата во Оукленд, се извини за грешката и  уверува дека веќе се работи на спроведување на препораките на надлежните.  си/

Фото: Јутјуб. 

Остани поврзан