• недела, 22 декември 2024

Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк

Едноставно слабеење: Чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброк

Скопје, 26 јyли 2024 (МИА) - Нa интернет сѐ попопуларна е диетата со напиток којшто освен што може да помогне при губење тежина, т.е. го продолжува чувството на ситост и спречува претерана консумација, т.е. грицкање, а треба да се пие непосредно пред оброк, пренесува порталот „Кликс“. Се состои од чаша вода и лажица чија семе. Може да се додаде и парче лимон за вкус и дополнителни здравствени придобивки.

- Чија семето може да го спречи гладот ​​бидејќи му треба подолго време за варење во организмот. Тоа може да помогне во намалување на гладот ​​и спречување на прејадувањето, вели диететичарката и нутриционистка д-р Тара Колингвуд. 

Препораката гласи: Пиење чаша вода со лажица чија семе 30 минути пред оброкот.

Чија семето се користело во исхраната уште од времето на Ацтеките, а се верува дека тоа било храна на воините. Лажица чија додадена во вода спречува прејадување, го подобрува варењето и здравјето на цревата и го потиснува гладот. Поради влакната, тоа помага за подолго чувство на ситост, коешто го намалува внесот на храна.  си/

Фото: Пиксабеј

Остани поврзан