Нови смарт автобуски постојки во Велес
- Четири автобуски постојки се поставени на неколку локации во Велес. Смарт постојките се опремени со лед дисплеи на кои континуирано ќе се движат информативни содржини со фотографии и видеа, информират од Општина Велес.

Велес, 5 март 2025 (МИА) - Четири автобуски постојки се поставени на неколку локации во Велес. Смарт постојките се опремени со лед дисплеи на кои континуирано ќе се движат информативни содржини со фотографии и видеа, информират од Општина Велес.
Постојките се наоѓаат на улиците „8ми Септември“ (наспроти паркингот кај Основен суд Велес), на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ (во непосредна близина на спортската сала),на улицата „Борис Трајковски“ (наспроти Пан Промет) и на улица „Благој Ѓорев“ (под Касарната).
Автобуските постојки се дел од проектот „Паметни решенија Велес – продолжуваме“..
Од Општина Велес апелираат до граѓаните да ги чуваат автобуските постројки кои се наменети за сите граѓани.ад/са/
Фото: Општина Велес