Нова фасада за средното кумановско училиште „Перо Наков“
- Интензивно се спроведува поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада во кумановското средно училиште „Перо Наков“, соопштија денеска надлежните. Реконструкцијата на фасадата се спровед

Куманово, 6 јуни 2022 (МИА) - Интензивно се спроведува поставувањето на нова енергетско-ефикасна фасада во кумановското средно училиште „Перо Наков“, соопштија денеска надлежните.
Реконструкцијата на фасадата се спроведува согласно потпишаниот договор помеѓу Министерството за образование и наука и Општина Куманово, односно секторот за образование и училиштето во рамки на проектот на МОН „Реконструкција на училишни објекти на основни и средни училишта“.

