• сабота, 21 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Одбележување на Денот на Филозофското друштво на Македонија

Одбележување на Денот на Филозофското друштво на Македонија

Скопје, 10 март 2025 (МИА) – Со доделување на наградата „Константин Философ“ за филозофска книга на годината за 2024 година и промоција на 36-тото издание на списанието „Филозофска трибина“ денеска на Филозофскиот факултет во Скопје ќе се одбележи Денот на Филозофското друштво на Македонија (ФДМ). 

Наградата ќе му биде врачена на проф. д-р Дејан Донев, авторот на студијата „За нашите етички основи“, согласно одлуката на Комисијата за доделување на наградата „Константин Философ“ во состав: проф. д-р Радомир Виденовиќ (претседател), проф. д-р Слободанка Марковска и проф. д-р Анета Маркоска Чубриновска (членови).

Списанието што го издава ФДМ ќе го промовира проф. д-р Денко Скаловски, а неговото 36. издание е целосно посветено на филозофската дејност на академик Ферид Мухиќ и во него стожерно место зазема темата „Ферид Мухиќ – творештво и инспирација“. Дополнително, на настанот пригодна беседа ќе одржи академик Шефкет Крциќ на тема „Придонесот на Мухиќ во развојот на македонската, босанската, југословенската и европската филозофија“.вј/са/

Фото: ФДМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан