• среда, 25 декември 2024

Нова енергетски ефикасна фасада во училиштето „Блаже Конески“ во Аеродром

Нова енергетски ефикасна фасада во училиштето „Блаже Конески“ во Аеродром
Скопје, 19 мај 2022 (МИА) - Основното училиште „Блаже Конески“ во скопската Општина Аеродром ќе добие нова енергетска ефикасна фасада во вредност од 100.000 евра. На покривот на училиштето се поставени фотоволтации, а во тек е проектирање за доградба на училиштето. Увид во градежните активности на училиштето денеска извршија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски. Според Мицкоски, станува збор за значајна активност, бидејќи се подобрува комфорот и условите за следење на настава на најмладите. -Ова е важно бидејќи децата се темелот и основата на едно општество. Во моментов капацитетот на училиштето веќе е премал, добро е да се продолжи со реновирање за да се покаже дека во оваа држава има политичари кои мислат за добро на граѓаните, рече Мицкоски. Градоначалникот Муцунски информираше дека на кровот на училиштето веќе се поставени фотоволтации, а исто така во моментот се врши проектирање за доградба на основното училиште. -Ова е едно од тие основни училишта на територија на општина Аеродром, заради катастрофалното урбанистичко планирање во минатото кое што е под ризик, не за втора смена, туку за трета смена, што значи веднаш по проектирањето ќе почнеме со изведба, ќе го прошириме капацитетот на училиштето, што сметаме дека во одреден период ќе воспостави сериозна стабилност од гледна точка на потребата на училници, рече Муцунски. Според градоначалникот, проблем е и тоа што во близина на училиштето има угостителски објект, но како што рече, ќе се потпише спогодба за веќе во скоро време да не постои овој објект, а на тоа место да се изгради градинка.-На оваа локација во близина има угостителски објекти, што за мене како градоначалник е недозволиво, во дворот на основно училиште да има угостителски објекти. Проблем кој што го има во оваа општина повеќе од десетина години. Успеавме да се договориме со лицето кое што го има под закуп, потпишуваме спогодба, многу скоро веќе нема да има угостителски објект во дворот на основното училиште и во моментот се врши промена на деталниот урбанистички план, за да на локацијата каде што  сега имаме угостителски објект, да се изгради нова градинка, додаде градоначалникот.бт/лв/    

Остани поврзан