• сабота, 20 јули 2024

Нова градинка во Чучер Сандево, премиерот Ковачевски најави отворање на уште десет

Нова градинка во Чучер Сандево, премиерот Ковачевски најави отворање на уште десет
Скопје, 21 ноември 2022 (МИА) – Во општина Чучер Сандево денеска се отвори првата градинка „Мило мое" во склоп на ООУ „Александар Урдаревски“ со капацитет на згрижување на 110 деца. Новоотворениот објект го посетија премиерот Ковачевски, министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Сашко Комненовиќ и директорката на градинката, Ирена Пигуловиќ. Премиерот Ковачевски истакна дека отворањето на објектот е само доказ дека не се потребни избори за да се отвори било каков инфраструктирен објект. -Денеска ја отвораме првата градинак во чучев сандево ешто што на граѓаните им било ветувано, но никој не го направил досега. Денеска го остваруваме сонот на жителите, радува фактот што тука се запишани веќе 70 деца кои никогаш досега не оделе во градинка, досега децата од општината морале да одат во друга општина. Најголемиот број од децата досега не биле во градинка што значи дека родителите ќе имаат простор полесно да си ги извршуваат своите обврски, за нас децата се важни затоа за првпат овозможивме градинки да се отворат во 10 населени места. Со отворањето на предучилишните воспитно - обраозвни установи не се решаваат само проблемите на родителите, туку се вложува и во унапредување на социјалниот интелектуалниот и физичкиот развој на децата. Владата поредводена од СДСМ досега има дадено поддршка да се отворат 73 градинки, до крајот на годината ќе отвориме уште 10, а идната година ќе следат 15 градинки, изјави Ковачевски. Ги повика останатите општини кои сакаат да аплицираат за изградба на нови предучилишни објекти да аплицираат преку Министерството за труд и социјална политика, бидејќи како што рече „предучилишниот развој за децата е многу важен“. -Наша должност е да обезбедиме најдобри услови за престој на децата во градинките, и за да се оствари таа намера ние финасиски ќе и помогнеме на секоја општина која има потреба и желба тоа да го направи, порача премиерот. Оцени дека со отворањето на градинките се овозможува економски развој во населените места и услови за граѓаните за развој во местото каде живеат. Директорката изразувајќи благодарност до Владата и градоначалникот информира дека ова детската градинка располага со капацитет на згрижување на 110 деца опфатено во пет групи. -Со пуштање на првата градинка која е во реализација на општината и Министерството за труд и социјална политика се реши еден долгогодишен проблем на оваа општина, а на најмалите им се обезбеди топло и пријатно катче, заклучи таа. Градоначалниот на општината Сашко Комненовиќ истакна дека општината вложува напори да ги направи училиштата енергетски ефикасни. -Поставивме и енергетско ефикасна фасада на училишта, а во моментот се поставува и фотоволтаици на основното училитште Св. „Кирил и Методиј“ во село Кучевиште. На овој начин планираме да ги направиме сите училишта да бидат максимално енергетско ефикасни, односно да користат енергија од обновливи извори. Општината има за оваа градинка вложено над единаесет милиони денари за градежни работи  и 110 илјади денари во опрема, Министерството има вложено осум милиони денари во градежни акивности и околу седум милиони денари во опрема, рече Комненовиќ. Министерката Јованка Тренчевска потенцира дека вложувањето во децата е во фокусот на работењето на Министерството за труд и социјална политики, и во своето обраќање испрати порака дека иднината на општеството зависи од мудроста која се пренесува на децата. -Вожувањето во нашите најмлади е влог во иднината, затоа инвестирањето во детската заштита е во фокусот на нашата работа, инвестираме во изградба, доградба и поширување на капацитетите на детските градинки при што се посветува внимание на опфаќање на сите населени места ширум државата, потенцира Тренчевска. Чучер Сандево е рурална општина сместена под падините на Скопска Црна Гора. Во состав на општината има повеќе села, од кои најголеми се Бразда, Глуво, Сандево, Мирковци, Чучер, Бањане, Горњане, Кучевиште, Побожје и други. Општината брои околу 8.493 жители. свс/нд/

Остани поврзан