• сабота, 23 ноември 2024

Нивоата на Охридското и Дојранското Езеро над просекот за септември

Нивоата на Охридското и Дојранското Езеро над просекот за септември

Скопје, 4 септември 2023 (МИА) - Нивото на Дојранското Езеро е пониско во однос на вчерашниот ден, но е над просекот за септември. Кај Охридското Езеро промени во однос на вчера нема, но и тоа е над септемврискиот просек, покажуваат денешните хидролошки мерења.

Според УХМР, и нивото на Преспанското Езеро од вчера е без промени, но е под септемврискиот просек.

Кај водостоите на реките нема поголеми отстапувања. мч/са/  

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан