• недела, 21 јули 2024

Нетанјаху не дозволи во Израел да се изгради привремена болница за децата од Појасот Газа

Нетанјаху не дозволи во Израел да се изгради привремена болница за децата од Појасот Газа

Тел Авив, 19 јули 2024 (МИА) – Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху ги блокира плановите за изградба на полска болница во Израел во која би се лекувале болните и повредени деца од Појасот Газа.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на почетокот од неделата најави полска болница како привремена мерка за да се обезбеди лекување на децата додека е затворен за цивили граничниот премин Рафа помеѓу Појасот Газа и Египет.

Според Галант во привремената болница би се лекувале децата заболени од карцином, дијабетис и децата со ортопедски повреди.

Во соопштението од кабинетот на Нетанјаху се наведува дека „не се одобрува изградба на болница за жителите на Газа на израелска територија и затоа истата нема да биде изградена“. ми/ 

фото: ЕПА

Остани поврзан