• петок, 23 август 2024

Нереш го засили Наполи, се чека и Лукаку

Нереш го засили Наполи, се чека и Лукаку

Неапол, 21 август 2024 (МИА) - Наполи и официјално потпиша договор со бразилското крило Давид Нереш, кој доаѓа од Бенфика, соопштија од неаполскиот клуб.

Нереш може да дебитира за својот нов тим уште во второто коло од Серија „А“, во кое Наполи ја пречекува Болоња на стадионот „Диего Марадона“.

Наполи ќе плати близу 30 милиони на Бенфика за правата на Нереш, кој играше и во Ајакс.

Се очекува Нерес да го замени интернационалецот Матео Политано на десното крило од нападот на тимот на Антонио Конте.

Во Наполи се уште го чекаат трансферот на Ромелу Лукаку. дс

Фото: Х/Наполи

Остани поврзан