• вторник, 22 октомври 2024

Нема да се одржат рочиштата против Рамиз Мерко за незаконско поставување директори

Нема да се одржат рочиштата против Рамиз Мерко за незаконско поставување директори

Струга, 21 октомври 2024 (МИА) - Во Основниот суд во Струга денеска нема да се одржат двете закажани рочишта против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за незаконско поставување директори во основни училишта поради немање уредна достава до сведоците.

Од судот за МИА информираат дека имале проблеми со достава до сведоците.

- Двајцата сведоци кои требаше денеска да бидат сослушани, по двата предмети, не се во можност да присуствуваат на рочиштето, изјави адвокатот на Мерко Игор Петкоски.

Во својство на сведоци денеска требаше да се појават поранешниот министер з аобразование Јетон Шаќири и раководителот на секторот за финансии при Општина Струга Абедин Нуроски. сс/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан