• четврток, 26 декември 2024

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 21 октомври 2024 (МИА) - На 20.10.2024 во 20.25 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка ги лишиле од слобода Д.И. (27), Т.С.(19) и Д.С.(38) од Крива Паланка. При преглед кај нив била пронајдена марихуана и прашкаста материја. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Р.(40) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ по член 391 став 1, во врска со член 45 од Кривичниот законик. Од 10.11.2020, пријавениот бил именуван за правобранител за подрачјето на Охрид и од тој ден ја ставил во мирување својата адвокатска дејност. Но, и покрај тоа, подоцна тој пред надлежниот Основен суд Охрид во три наврати, и тоа во предмет, лажно се претставил како адвокат и застапувал странки во постапки пред надлежниот суд, прикривајќи го фактот дека адвокатската дејност му е во мирување, а со цел да прибави за себе противправна имотна корист и на тој начин го сторил кривичното дело.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Д.(32) и А.Д.(32), двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При контрола на улицата „Пиринска“ во Кичево, полициските службеници забележале дека од возилото „опел корса“, во кое се превезувале, била исфрлена марихуана. При претрес пак, во нивниот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и кокаин.  

Денеска (21.10.2024) околу 08 часот во СВР Тетово, Б.У. од Тетово пријавил дека во неговиот угостителски објект на улица ,,Иво Лола Рибар“ во Тетово бил фрлен предмет кој личи на експлозивна направа, а која не експлодирала и се наоѓа пред влезот на објектот. Нема повредени лица, а било скршено само стаклото од излогот. Веднаш по пријавата биле преземени мерки и било констатирано дека се работи за угостителски објект кој повремено се користи и како клуб од една политичка партија. Увид бил извршен и било констатирано дека се работи за рачна бомба Ф1 која била активирана, но не експлодирала. Бомбата била подигната од Единицата за антитероризам. СВР Тетово презема соодветни мерки за целосно расчистување на случајот.

На 20.10.2024 во 05 часот во СВР Скопје, К.А.(20) од Скопје пријавил дека околу 01.00 часот во угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, тој и неговиот другар Н.С. биле физички нападнати од неколку лица вработени како обезбедување во објектот, кои му одзеле и лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 20.10.2024 во 08.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.Д.(41) од Скопје. Во семејниот дом на подрачјето на Драчево, тој агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од инвентарот, а потоа со тврди предмет фрлал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.    

На 20.10.2024 во 23.20 часот во СВР Скопје, Б.Х.(22) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба, по претходно нарушени семејни односи, била физички нападната од А.А.(19), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 20.10.2024 во 17.20 часот во СВР Скопје, В.К.(45) од Скопје пријавил дека на 19.10.2024 околу 17.20 часот на подрачјето на Центар, додека со својот татко извршувале работни задачи во објект, затекнале три лица кои вршеле кражба. Притоа, лицата физички ги нападнале, при што употребиле и тврди предмети, а на него му одзеле мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.10.2024 во 20.10 часот во СВР Скопје, Б.М.Х.(35) од Скопје пријавила дека околу 19.00 часот во населбата Илинден, Скопско, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.10.2024 во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазар на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање околу наплата на стока, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.Б.(28) од Скопје и Д.Р.(21) од село Арачиново, Скопско. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.  

На 20.10.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во семејниот дом во скопско, 80 - годишен маж бил нападнат од својата ќерка М.М.(48). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.10.2024 во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, сопственост на В.А.(83) од Скопје. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од Итна медицинска помош на сопственичката В.А. и била укажана помош поради вдишување чад. Извршен бил увид.

На 20.10.2024 во 13.20 часот во Полициската станица Карпош, А.Ј.(44) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот чичко М.Т.(80) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.М.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.03.2023, полициски службеници извршиле претрес кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена дигитална вага со остатоци од кокаин. На 30.10.2023 во угостителски објект во Битола, полициски службеници извршиле преглед врз пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.              

СВР Штип поднесе кривична пријава против Е.И.(38) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 23.05.2024, пријавената продала хероин на лице од Штип, а на 24.05.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на лицето, при што бил пронајден и одземен хероинот.

СВР Штип поднесе кривична пријава против С.А.(26) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.07.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против В.М.(28) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.10.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошните простории кај пријавениот во Раброво, Струмичко, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(21) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 28.07.2024 на ул.„Дабница“ во Прилеп, по претходно недоразбирање, пријавениот со остар предмет му се заканил на М.С., по што и физички го нападнал.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ќ.Д.(72) и Ќ.Д.(66), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.  На имот на во Охрид, каде сопственици се пријавените, изградиле нов објект, иако според претходно одобрениот основен проект донесено е решение за прекин со градба. На 23.08.2024 извршен е контролен инспекциски надзор при што е констатирано дека не е постапено по дадените насоки и од тие причини на 10.09.2024 донесено било решение за отстранување на градбите од предметната градежна парцела. мд/

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан