• петок, 27 декември 2024

МВР Билтен ДПЛ

МВР Билтен ДПЛ

Скопје, 26 декември 2024 (МИА) - Денеска (26.12.2024)  полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола со судска наредба извршиле претрес во домот и други простории кои ги користи М.А.(22) од Прилеп, при што пронајдени биле  3719 парчиња пиротехника.

М.А. е приведен во полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 25.12.2024 во 16.20 часот полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.П.(25) од село Пиперево, општина Василево.

При претрес во дом во кој престојувал, извршен со судска наредба, била пронајдена хартиена вреќа во која имало околу еден килограм марихуана и една дигитална вага. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против З.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.12.2024 во 07.15 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Р. (24) од Куманово.

Тој бил затекнат во деловен објект на булевар „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово додека се обидувал да одземе пари и предмети, по што се обидел да избега преку прозорец, при што се здобил со повреди. М.Р. бил пренесен во Општа болница Куманово, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Денеска (26.12.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Ј.(26) од Скопје, кој управувал патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки и при даден знак од полициските службеници не застанал туку продолжил со движење и предизвикал сообраќајна незгода помеѓу неговото возило, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(26), и патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, управувано Д.М.(23), двајцата од Скопје.

Во незгодата А.Т, Д.М. и неговата сопатничка И.Н.(21) од Скопје се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. По незгодата, К.Ј.  продолжил со движењето и со своето возило удрил и во возило „дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки и причинил материјална штета. Откако бил пронајден, при преглед во неговото возило била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.12.2024 во 08.09 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Гази Баба, во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат Б.Ќ.(54) од Скопје, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 25.12.2024 во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека нивниот штитеник И.И.(14) од Битола кој на 24.12.2024 беше пријавен дека се оддалечил од установата, се вратил во установата.

На 25.12.2024 во 22.20 часот во СВР Скопје Ќ.Б.(24) од с.Кадино, скопско пријавил дека околу 22.10 часот пред семејниот дом, по претходно нарушени семејни односи, бил физички нападнат од А.А. и Ј.С., кои употребиле и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.12.2024 во 23.00 часот во Скопје, било пријавено дека на подрачјето на Чаир, поради претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Т.(23) од една страна и Ж.С.(41) и еден малолетник од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.12.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, 65-годишна жена од Скопје пријавила дека  била измамена од едно лице за сума од 45.000 денари.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати за да ја ослободат. Потоа таа ги оставила парите на местото каде што ѝ кажало лицето, односно во корпа во парк Жена Борец, а подоцна сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 25.12.2024 во 12.40 часот во СВР Битола А.Д.(38) од Битола пријавил дека во старата чаршија во Битола, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 25.12.2024 во 13,40 часот во СВР Битола Л.К.(37) од Битола пријавила дека нејзиниот малолетен син на ул.„Партизанска” во Битола бил каснат од куче скитник.
 
На 25.12.2024 во 09.25 часот во ОВР Прилеп, Н.М.(38) од Прилеп  пријавила дека во Прилеп било опожарено нејзиното патничко моторно возило „фолксваген” со прилепски регистарски ознаки.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На  25.12.2024 во 16.30 часот, од продажен објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е И.Ц.(46) од Охрид, кој претходно бил затекнат при кражба на помошен работен алат и прибор.

Предметите се вратени на сопственикот на објектот и по целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Л.(50) од охридското село Пештани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „симнување или оштетување на службен печат или знак“.

Тој, во текот на 2024 година, на катастарска парцела во Пештани, каде нелегално изградил објект, и покрај претходно донесено решение за отстранување на градбата и поставената службена лента за затворање на градилиштето и службен знак со податоци за затворање на градилиштето поставено од страна на овластен градежен инспектор при општина Охрид, пријавениот ги симнал и оштетил истите и продолжил со изведување на градежни активности.

На 25.12.2024 во 21.15 часот полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР-Штип, по претходно добиена судска наредба, извршија претрес во дом кај В.С. (41) во Штип.

При претресот е пронајдена марихуана, бела грутчеста материја и дигитална вага. При претресот, во станот бил затекнат и Д.С., кај кого е пронајдена марихуана. В.С. и Д.С. се лишени од слобода и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 25.12.2024 во 08.15 часот во ПС Свети Николе е пријавено дека во с. Аџиматово- Лозово било опожарено патничко моторно возило „форд фокус“ со велешки регистерски ознаки, сопственост на правно лице, а паркирано од Љ.С. од с. Аџиматово.

Од страна на увидна екипа од ОВР Свети Николе извршен е увид.

На 25.12.2024 во 09.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.30 часот во Психијатриска болница-Бардовци настанал пожар во една од собите на установата.

Од Територијалната противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против В.Ј.(59) од с. Јосифово, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На 23.08.2024 во близина на автопатот с.Удово-с. Јосифово, пријавениот бил затекнат како одгледувал стебла од растението канабис.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.К.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Пријавениот, во текот на декември 2024 година набавил 378 парчиња пиротехнички средства за продажба во неговиот трговски објект во Куманово.  

СВР Струмица- ОВР Радовиш до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Г.Ѓ. (37) од Радовиш, референт по сеча, дотур и превоз во ЈП Национални шуми- подружница Радовиш, А.Л. (63)  од Радовиш, самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми во ЈП Национални шуми - подружница Радовиш, С.З (39) од Радовиш, самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми во ЈП Национални шуми- подружница Радовиш, А.К.(35)  од Радовиш, во моментот на сторување на кривичното дело на работно место самостоен референт за користење, заштита и одгледување на шуми, а со задолжение помошник раководител на подружница ПСШ Плачковица Радовиш, И.Б.(41) од Радовиш, во моментот на сторување на кривичното дело раководител - директор на подружница Шумско стопанство „Плачковица“ Радовиш, Т.А.(51) од Радовиш, управител на правен субјект од с.Дедино, општина Конче, С.Н. (51) од с.Раклиш, радовишко,  управител на правен од с.Дедино, општина Конче.

Постои основано сомневање дека пријавениот Г.Ѓ. ги сторил кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“  по член 353 став 4,  „несовесно работење во службата“ член 353 -в став 3 „измама во службата“ член 355 став 1 и „фалсификување службена исправа“ по член 361 став 1 и 2 од КЗ, пријавениот А.Л. е осомничен дека го сторил кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ член 353 став 4, пријавената С.З. исто така е осомничена за сторено кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ член 353 став 4, за пријавениот А.К. постои основано сомневање дека ги сторил кривичните дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ член 353 став 4 и „фалсификување службена исправа“ член 361 став 1 и 2, пријавената И.Б. се сомничи дека ги сторила кривичните дела „несовесно работење во службата“ член 353 -в став 5 и „фалсификување службена исправа“ по член 361 став 1 и 2, а  пријавените Т.А. и С.Н. ги сториле кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ по член 275 – в став 2 и „фалсификување и уништување деловни книги“ по член 280 став 1 и 3 од Кривичниот закон.

Пријавениот Ѓ.Ѓ злоупотребувајќи и искористувајќи ја својата службена положба и овластување како лице вработено во ЈП Национални шуми на работно место референт за сеча, дотур и превоз во текот на 2023 и 2024 година,  несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности, го давал на користење на неовластени лица чеканот со жиг кој му бил задолжен со реверс, при што постапил спротивно на одредбите од Правилник и член 69 од Закон за шумите, изготвувал фиктивни испратници за правните субјекти од село Дедино, каде што како управители се јавуваат Т.А. и С.Н., на кои фалсификувал потпис и на тој начин прикажувал помала количина на дрвна маса од реалната. Вака изготвените фалсификувани испратници ги доставувал  до сметководство во ЈП Национални шуми ПШС Плачковица Радовиш, врз основа на кои се изготвени соодветни фактури кон правните субјекти за помал износ за плаќање од реалниот, со што правните субјектии се стекнале со противправна имотна корист на штета на ЈП Национални шуми п.о. Скопје ПШС Плачковица Радовиш.

Бидејќи според договорите овие правни субјекти требало да извршат дотур на определена количина дрва, со цел да се постигне таа количина, пријавениот Г.Ѓ.  два примероци од испратница (за купувачот и превозникот) пополнувал со реална количина, а два примероци (за сметководството и еден кој останува во кочанот) ги пополнувал со помала количина. Воедно, дрвата кои биле превезувани биле од сеча во друг оддел, а не од одделот прикажан во самата испратница.

Пријавениот А.Л. и пријавената С.З. како одговорни лица потпишале прием на сеча и дотур на дрва, без притоа да констатираат фактичка состојба, односно точна количина на дрвена маса. Исто така пријавените Г.Ѓ и А.К. и пријавената И.Б. изготвиле два месечни извештаи, кои биле заведени со ист архивски број, во кои прикажале различни податоци за сеча и дотур, односно еден извештај бил за количина од 0 м3, а другиот за 700 м3. Пријавената И.Б извршувајќи ја функцијата раководител-директор на ПШС Плачковица Радовиш во период од 01.02.2022 година до 17.07.2024 година, кривичното дело „несовесно работење во службата“ го сторила на тој начин што согласно нејзините дискрециони овластувања не постапила согласно описот и пописот за систематизација на работни места, каде што децидно е наведено дека е должна да прави контрола, а додека кривичното дело „фалсификување службена исправа“ го сторила на тој начин што потпишала два исти месечни извештаи за сеча, дотур и превоз заведени со ист архивски број со различна количина на дрвни сортименти.

Пријавените Т.А. и С.Н. како управители на правните субјекти кривичното дело „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“ го сториле на тој начин што свесно со неизвршување на обврските од претходно потпишаните договори за вршење на сеча, дотур и превоз, а со намера истите да се изиграат или со цел да не им се активира претходно депонираната банкарска гаранција и да не добијат негативна референца за понатамошните апликации согласно Е - системот за вршење на јавни набавки, ги сториле погоре опишани инкриминации потпомогнати од пријавените лица вработени во ЈП Национални шуми подружница Плачковица Радовиш и на тој начин за себе прибавиле противправна имотна корист, а на штета на ЈП Национални шуми Скопје подружница Плачковица Радовиш, а додека кривичното дело „фалсификување или уништување деловни книги“ го сториле на тој начин што дрвната маса од сетот испратници не се уредно пријавува во нивното сметководство, односно материјалната сметководствена евиденција ја вршеле по добивање на фактурите и испратница изготвени од ЈП Национални шуми п.о. Скопје ПШС Плачковица Радовиш, додека примерокот од испратницата кој бил даван за превозникот свесно го уништувале за да ја прикријат фактичката состојба на превезени дрвени сортименти.

Од страна на СВР Струмица – ОВР Радовиш во координација со Државен инспекторат за шумарство и ловство Скопје и ОЈО Радовиш бил извршен увид, при што се констатирани горенаведените неправилности, а воедно од страна на ДИШЛ  од правните субјекти била одземена дрвена маса во вкупна количина од 105 м3, која била противправно стекната со извршување на кривичните дела. Со сето погоренаведеното пријавените лица ги имат сторено опишаните кривични дела, со што е нанесена вкупна штета на ЈП Национални шуми п.о. Скопје ПШС Плачковица Радовиш во висина од 4.284.332,68 денари. сст/

 

 

 

 



 
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан