• петок, 27 декември 2024

Неизвесна судбината на иранската студентка

Неизвесна судбината на иранската студентка

Техеран, 4 ноември 2024 (МИА) – Организациите за заштита на човековите права денеска побараа од властите во Иран да ја ослободат приведената жена, која пред два дена во знак на протест против законите за задолжителен хиџаб шеташе по долна облека на Исламскиот универзитет Азад.

„Амнести интернешнл“ (Amnesty International) на платформата Икс сподели видео и повика на итно ослободување на жената, за која тврди дека била „насилно уапсена на 2 ноември, откако ја соблекла облеката во знак на протест против навредливото спроведување на задолжителното превез од страна на безбедносните службеници“.

Специјалната известувачка на Обединети нации за Иран, Маи Сато на Икс во саботата објави дека „внимателно ќе го следи овој инцидент, вклучително и одговорот на властите“.

Идентитетот на жената сè уште не е познат, но портпаролот на Универзитетот Азад изјави дека таа страдала од „ментално растројство“ и е пренесена во „психијатриска болница“.

Иранска добитничка на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, која моментално е во затвор во Иран, издаде соопштение во кое истакнува дека е сериозно загрижена за случајот.

- Жените ја плаќаат цената за пркосот, но ние не потклекнуваме пред на сила, истакна Мохамади.

Таа додаде дека студентката која протестираше на Универзитетот го претворила своето тело во симбол на непокор и побара нејзино ослободување и крај на насилството врз жените.

Во меѓувреме, иранските медиуми објавија видео од маж со заматено лице, кој тврди дека е поранешен сопруг на жената и ја замоли јавноста да не го споделува видеото поради нејзините две деца.

Според некои објави на социјалните мрежи жената при апсењето припадниците на моралната полиција ја претепале до смрт.

Голем број Иранци на социјалните мрежи наведоа дека чинот на жената бил намерен протест и го прикажаа дел од движењето „Жена, живот, слобода“ (Women, Life, Free), кое се спротивставува на задолжителното носење на хиџаб. ми/

фото: Икс

Остани поврзан