• среда, 21 август 2024

Невреме во централна и северна Грција

Невреме во централна и северна Грција

Атина, 21 август 2024 (МИА) – Силниот дожд, ветерот, а на некои места и град, создадоа проблеми во делови на северна и централна Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека во областа Тесалија во централниот дел на земјата, во периодот од 18 до 22.30 часот вчера, примиле 55 повици за помош, од кои повеќе од половина за паднати дрва во Лариса, Магнисиа, Трикала и Кардица.

Конкретната област лани беше погодена од големи поплави што предизвикаа огромна материјална штета. ср/

Остани поврзан