• недела, 21 јули 2024

НБА ќе ги отвори базите за тренинзи во држави каде е олеснет режимот на самоизолација

НБА ќе ги отвори базите за тренинзи во држави каде е олеснет режимот на самоизолација
Вашингтон, 6 мај 2020 (МИА) - НБА ги извести клубовите дека центрите за обука ќе бидат отворени во петок во голем број држави каде властите го олесниле режимот на изолација. Ова преку социјалните мрежи го соопшти инсајдерот на „Њујорк тајмс“, Марк Штајн. На 11 март, НБА ја прекина сезоната 2019/20 по позитивен тест на коронавирус кај центарот на Јута Руди Гобер. На 20 март, лигата ги затвори сите центри за обука и им забрани на кошаркарите да користат јавни места и фитнес центри. зс/

Остани поврзан