• среда, 27 ноември 2024

НБА: Хрватот Шариќ потпишува за Денвер

НБА: Хрватот Шариќ потпишува за Денвер

 

Њујорк, 7 јули 2024 (МИА) – Капитенот на хрватската кошаркарска репрезентација Дарио Шариќ (30) треба да ја продолжи кариерата во НБА лигашот Денвер Нагетс, јави денеска ЕСПН.

Шариќ би требало да потпише двегодишен договор вреден 10,6 милиони долари за поранешниот НБА шампион предводен од српскиот кошаркар Никола Јокиќ.

„Шариќ доаѓа во Нагетс со можност да игра покрај трикратниот МВП Никола Јокиќ. Генералниот директор на Нагетс, Калвин Бут, го бараше Шариќ за да ги зајакне Нагетс со неговата разновидност, искуство и супериорен кошаркарски коефициент на интелигенција“, наведува ЕСПН.

Денвер ќе биде шестиот НБА клуб во кариерата на 30-годишниот Шариќ, кој претходно настапуваше за Голден Стејт Вориорс, Оклахома, Феникс, Минесота и Филаделфија. ег ФОТО: Фесјбук

Остани поврзан