• петок, 08 ноември 2024

НБА планира рестарт во Орландо со 20-22 екипи

НБА планира рестарт во Орландо со 20-22 екипи
Орландо, 30 мај 2020 (МИА) - Комесарот на Лигата, Адам Силвер упати препорака до Управниот совет на НБА за продолжување на сезоната 2019/20 година во Орландо со учество на 20-22 екипи. На почетокот на следната недела се планира да се гласа за најсоодветен формат за рестартирање на сезоната, кој беше суспендиран на 11 март поради пандемијата на коронавирус. Вчера, Силвер и Управниот одбор разговараа за предлогот за утврдување на последните места во плеј-офот за време на телеконференција. Според препорачаниот формат, шест екипи кои во моментов заостануваат не повеќе од шест победи зад 8. место во Конференциите, ќе учествуваат на крајот на регуларната сезона, а потоа и на турнирот за влез во плеј-офот. Тоа се екипите на Портланд (3,5 победи зад плеј-оф зоната), Њу Орлеанс (3,5), Сакраменто (3,5), Сан Антонио (4), Феникс (6) на Запад и Вашингтон (5,5) на Исток. Управниот совет го поддржа форматот со 22 екипи, но разгледува и опција со 20. Се очекува 16 екипи кои во моментов се на првите осум места во Источната и Западната конференција, како и шесте екипи споменати погоре, да одиграат по осум натпревари, по што ќе се одржи турнир кој ќе ги одреди осумте најдобри во двете конференции. Исто така за време на телеконференцијата со Управниот совет на Лигата, Адам Силвер објави дека очекува сезоната да продолжи на 31 јули. зс/

Остани поврзан