• понеделник, 23 декември 2024

НБА: Денвер го продолжи договорот со Мари

НБА: Денвер го продолжи договорот со Мари


Денвер, 8 септември 2024 (МИА) – НБА лигашот Денвер го продолжи договорот со својот дефанзивец Џамал Мари (27) на уште четири години и за максимални 208 милиони долари, јавија синоќа американските медиуми.
Минатата сезона Мари имаше просек од 21,2 поени по натпревар со 6,5 асистенции и 42,5 отсто шут за три поени, што се соодветно најдобри просеци во неговата кариера досега.
Мари од почетокот на својата професионална кариера е во редовите на Денвер, кој на драфтот во 2016 година го избран како седми пик.
Во 2023 година, Мари, заедно со Никола Јокиќ, беше најзаслужниот за историската прва шампионска титула на Денвер, со 26,1 поени, 7,1 асистенции и 5,7 скокови по натпревар во плејофот. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан