ПСЖ има намера да го продаде Асенсио за 20 милиони евра
- Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Асенсио, кој втората половина од сезоната ја мина на позајмица во Астон вила, не е вклучен во плановите на парискиот клуб за следната сезона.
Париз, 4 јуни 2025 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Пари Сен-Жермен, Марко Асенсио, кој втората половина од сезоната ја мина на позајмица во Астон вила, не е вклучен во плановите на парискиот клуб за следната сезона.
Според „Footmercato“, ПСЖ го вклучил на трансфер листата и ја одредил цената за играчот на 20 милиони евра.
Можно е Астон вила да го задржи 29-годишниот Шпанец на постојана основа.
Асенсио за англискиот клуб одигра 21 натпревар во сите натпреварувања, постигна осум голови и една асистенција.
Играчот од средниот ред одигра 16 натпревари за ПСЖ во сезоната 2024/25, постигнувајќи два гола и четири асистенции. зс/
Фото: ЕПА