Понудата на Атлетико Мадрид за дефанзивецот Тео Ернандез засега не го задоволува Милан
- Италијанскиот клуб Милан не е задоволен од понудата добиена од шпанскиот Атлетико Мадрид за дефанзивецот Тео Ернандез, тврди „Калчомеркато“.
Милано, 4 јуни 2025 (МИА) - Италијанскиот клуб Милан не е задоволен од понудата добиена од шпанскиот Атлетико Мадрид за дефанзивецот Тео Ернандез, тврди „Калчомеркато“.
Францускиот фудбалер сака да ја продолжи кариерата во Европа, но според информациите, Милан постигнал договор со саудискиот Ал-Хилал, кој нуди околу 35 милиони евра за трансферот и плата од 20 милиони евра за Ернандез.
Агентите на дефанзивецот преговараат со Атлетико Мадрид, чие раководство се надева дека ќе го убеди Милан да прифати помала сума, плус Аргентинецот Науел Молина како дел од договорот, иако италијанскиот клуб во моментов ја претпочита понудата од Ал-Хилал. дс
Фото: Архива