• вторник, 18 март 2025

На Харвард ќе можат бесплатно да студираат повеќе студенти

На Харвард ќе можат бесплатно да студираат повеќе студенти

Вашингтон, 18 март 2025 (МИА) - Харвард објави бесплатна школарина за студентите чии семејства заработуваат под 200.000 долари годишно, и е еден од неколкуте елитни универзитети во САД што ја прошири паричната помош за студентите, по одлуката на Врховниот суд да забрани расна позитивна дискриминација при упис на факултет.

Новата програма го зголемува лимит на приходи и ќе стапи во сила оваа есен, јавија синоќа дел од американските медиуми. Претходно на Харвард бесплатно можеа да студираат само семејства со приходи под 85.000 долари годишно. Просечниот приход по домаќинство во САД изнесува околу 80.000 долари.

Универзитетот на Пенсилванија лани во ноември објави дека ќе понуди бесплатна школарина за студентите чии семејства заработуваат под 200.000 долари. Масачусетски институт за технологија (MИТ) најави ист лимит од 200.000 долари, слично на планот што го понуди и Калтек. Уште неколку  универзитети лани исто така ги зголемија своите лимити за финансиска помош, како Дартмут, Универзитет на Вирџинија и Универзитет на Северна Каролина.

Одлуката нема многу да ги смени нештата бидејќи студентите кои годишно се запишуваат во колеџите од таканаречената „лига на бршленот“ (Ivy League)  се под 1 отсто од вкупниот број на уписи во американските високообразовни институции. кб/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан