Хамас го обвинува Вашингтон за страдањата во Газа, Иран тврди дека нападите се продолжување на геноцидот
- Хамас денеска ја осуди „неограничената поддршка на САД за Израел“, велејќи дека Вашингтон сноси целосна одговорност за страдањата во Појасот Газа, додека Иран соопшти дека „нападите се продолжување на геноцидот во окупираната Палестина“.

Газа, 18 март 2025 (МИА) – Хамас денеска ја осуди „неограничената поддршка на САД за Израел“, велејќи дека Вашингтон сноси целосна одговорност за страдањата во Појасот Газа, додека Иран соопшти дека „нападите се продолжување на геноцидот во окупираната Палестина“.
- Со својата неограничена политичка и воена поддршка за Израел, Вашингтон сноси целосна одговорност за масакрот на жени и деца во Газа, се вели во соопштението на палестинското исламистичко движење.
Белата куќа претходно потврди дека била консултирана пред да се извршат нападите.
Иран денеска исто така ги осуди израелските напади и одговорноста за нив им ја прпиша на САД.
- Овие напади се продолжение на геноцидот во окупирана Палестина, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи.
Во изјавата на портпаролот одговорноста за нападите и се припишува на „американската влада“, сојузник на Израел. јт/
Фото: МИА архива