• сабота, 23 ноември 2024

На Попова Шапка измерен -1, во Битола 10 степени

На Попова Шапка измерен -1, во Битола 10 степени

Скопје, 21 ноември 2024 (МИА) - Утрово најниска температура од -1 степен е измерена на Попова Шапка, а  највисока од 10 степени целзиусови во Битола. 

УХМР информира дека 1 степен е измерен во Лазарополе, Крива Паланка и Куманово, 2 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Штип, Тетово, Виница и Маврови Анови, 3 во Велес и Кавадарци, 4 во Демир Капија и Крушево, 5 во Берово, 6 во Струмица и Гевгелија, 7 во Охрид, 8 во Претор и 9 во Прилеп.

Во изминатите 24 часа, до 7 часот, наврнат талог од 59 литри на метар квадратен има во Лазарополе, 40 во Маврови Анови, 29 на Попова Шапка, 13 во Крушево, 11 во Тетово, 8 во Скопје-Петровец, Крива Паланка и Куманово, 6 во Охрид, Штип, Велес и Виница, 5 во Берово и Битола, 4 во Скопје-Зајчев Рид, 3 во Кавадарци и Гевгелија, 2 во Демир Капија и Струмица и еден во Претор.

Во текот на ноќта и изутринава времето беше променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои во северозападните делови беа обилни. Дуваше умерен, а на повеќе места силен ветер од јужен и југозападен правец. Според податоците од нашите мерни станици силен ветер дуваше во Штип каде достигнуваше брзина до 80км/ч, а во Крива Паланка и Битола над 60 километри на час.

Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, наместа над 80 километри на час. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени. дма/са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан